Ballina Makedonski Дрога пронајдена во Ѓорче, дилерот ја фрлил и избегал

Дрога пронајдена во Ѓорче, дилерот ја фрлил и избегал

Дрога пронајдена во скопско Ѓорче, а лицето кое ја поседувало се дало во бегство.

Вчера околу 16:10 часот, при вршење на мотопатролна дејност на бул. „Македонски војски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го забележале Б.П., кој веднаш се дал во бегство кон спортската сала „Македонија“.

При тоа, тој фрлил алуминиумска фолија во која имало марихуана. Дрогата е подигната за натамошна постапка и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираа од МВР.