Ballina Makedonski Скопјанка го натепала синот кој имал здравствени проблеми, сопругот ја пријавил во...

Скопјанка го натепала синот кој имал здравствени проблеми, сопругот ја пријавил во полиција

Рано утринава 44-годишен маж од скопско пријавил дека малку пред полноќ, неговата сопруга физички го нападнала нивниот малолетен син, кој бил со здравствени проблеми.

Како што се наведува во полицискиот билтен, утрово (18.12.2025) во 04:30 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од скопско, пријавил дека на 17.12.2025 околу 23:30 часот во семејниот дом, неговата 42-годишна сопруга физички го нападнала нивниот малолетен син, кој е со здравствени проблеми.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.