Ballina Makedonski Уапсен маж од охридско, измамил жена за 8.000 евра со лажна сообраќајка

Уапсен маж од охридско, измамил жена за 8.000 евра со лажна сообраќајка

Полицијата уапси измамник од охридско, измамил жена од струшко за сума од 8.000 евра.

Вчера во 11.40 часот во Струга, полициски службеници го лишија од слобода Н.С.(40) од с.Горно Лакочереј, охридско.

Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ќе треба да плати за да ја пуштат, односно да ја ослободат од наводно обвинение.

Откако се договориле жената му ги дала парите и тој заминал.

Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторeно кривично дело измама.